Повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка Shtyp
E premte, 28 mars 2025 15:18

Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

ГРЦ МЦМС

Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

  • Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
  • Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
  • Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
  • Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
  • Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
  • Анализа на организациски капацитети

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.

Како да аплицирате?

Заинтересираните организации треба да изразат интерес со образложение на потребата за менторска поддршка во една или повеќе од горенаведените области.

Што добивате?

✅ Индивидуална менторска поддршка
✅ Пристап до ресурси и алатки
✅ Поддршка во спроведување на наученото

Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!

За дополнителни информации, контактирајте нè на:  Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

АПЛИЦИРАЈ