Иницијативи во руралните заедници во Прилеп Печати

Иницијативи во руралните заедници во ПрилепЗаконот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

Формирањето на Месните заедници и создавањето на предуслови за нивна институционализирана поддршка на нивните активности повторно ќе ја промовира нивната многу важна улога во заедницата, да бидат алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа и да бидат промотори и организатори на активното граѓанство.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше воспоставување на партиципативни пристапи на работа во заедниците.

Целна група на проектот беа жителите од руралниот дел од општина Прилеп.

Целното подрачје ги опфаќаше руралните заедници на општина Прилеп.

Очекувани резултати на проектот беа: Зајакнати капацитети на Фондацијата за поддршка и развој, Прилеп, и Развиени знаења и вештини на Месните заедници за партиципативни пристапи на работа во заедниците.

Активностите кои се реализираа во рамките овој проект беа: Работилница за Оперативно годишно програмско планирање на Фондацијата за поддршка и развој; Јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на Фондацијата за поддршка и развој; Работилници за градење на капацитетите на Советите на МЗ за работа во руралните заедници; Повик за прибирање на предлог работни планови за развој на локалните партнерства и поддршка за спроведување на локалните акции и иницијативи; Поддршка за спроведување на локални акции и иницијативи; Работилници на тема: “Препораки за промоција на локален бренд како инструмент за развој на заедницата“.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот беше разбирањето на значењето и улогата на Месните заедници за подобрување на локалниот развој на руралните заедници од страна на Локалната самоуправа. Претпоставката дека Локалната самоуправа ќе воведе системи и процедури за поддршка на годишните планови за работа на Месните заедници а со тоа и институционална поддршка на локалните иницијативи и акции кои Месните заедници ќе ги спроведуваат во руралните заедници, има големо влијание за остварување на целите на проектот.

За остварувањето на целите на проектот се имаа во предвид следниве ризици: непостоење на доволен интерес на МЗ за пријавување на повикот за поддршка за спроведување на локални иницијативи и немање доволен капацитет кај МЗ да го обезбедат потребното финансиско учество од 20% во финансиската конструкција за поддршка на локалните акции и иницијативи.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 01 април – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 716.100,00 МКД.

МЦМС обезбеди 602.400,00 МКД (директни трошоци) средства кои беа донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

Останатите средства беа финансиска поддршка доделена на ФПР-Прилеп од ЈП за ПУП, Прилеп во износ од 27.135,00 МКД и 89.027,00 МКД е сопствено учество на Месните заедници кои беа поддржани на Повикот за поддршка на локални акции и иницијативи.


Поврзани: