Градење на капацитетите на ЗЕЛС - извршно резиме Печати

Децентрализацијата е комплексен процес со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард и е тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа.

Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитети на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Професионализацијата на локалната самоуправа преку стекнување на нови знаења и вештини е императив за успешно спроведување на децентрализацијата и ефикасноста на локалната самоуправа.

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и ЗЕЛС, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки единиците на локалната самоуправа имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Основната улога на ЗЕЛС како национална организација е да биде чекор пред процесите на децентрализација, да ги креира и да предводи промените на кои се изложени и ги спроведуваат нејзините членки.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на ЗЕЛС се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците.
Цел на проектот е подготвеност на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија (ЗЕЛС) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот се општини, заедници и ЗЕЛС.

Целното подрачје ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија.

Очекуван резултат е зајакнати капацитети на администрацијата на ЗЕЛС.

Активностите се однесуваат на учество на персоналот на ЗЕЛС (советници-координатори за обука) на следните обуки: Раководење со програма; Мобилизација на ресурси/финансиска одржливост; Обука за обучувачи; Вештини за фацилитација; Презентациски способности; Партнерство и градење на капацитети и Добивање најмногу од вашите истражувања. Обуките кои се планираат во рамките на проектот се во организација на МЦМС и INTRAC - Англија.

Временскиот период на спроведување е 25 јуни – 15 декември 2008 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 345.000,00 МКД. МЦМС обезбедува 310.000,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства се сопствено директно учество на ЗЕЛС во износ од 35.000,00 МКД.

 

Завршен извештај од проектот.


Поврзани: