Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Извештај за состојбата |
Автор: Македонски центар за меѓународна соработка Извештајот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Извештај за состојбата“ дава сумарен осврт на статусот, капацитетите и законските надлежности на ДКСК, за претходните десет години од функционирањето. Целта на овие изданија е граѓаните и другите засегнати страни редовно да добиваат сеопфатни информации за резултатите од работењето на ДКСК. За самата ДКСК придобивка од надворешното следење е да добие независна оценка за своето работење. Преку заклучоците во секој извештај, ДКСК ќе има можност да ги потврди постигнатите добри резултати, а да се подобрува тамо каде е воочено потфрлување во остварувањата. Методологијата која беше применета за овој извештај се заснова на позитивните искуства во следењето на работењето на антикорупциските институции од страна на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија и на искуството на МЦМС во следењето на отвореноста на институциите. Методологијата која се применува во извештаите се заснова на матрица на индикаторите подготвена во соработка со ЦИД. Три групи на индикатори кои се следат во овој извештај се:
Во овој извештај е опфатено следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 2006 г. до 2015 г. Резултатите од овој период треба да дадат увид во досегашните ефекти од работењето на ДКСК, коишто ќе служат како препорачливи вредности за споредба на резултатите од следење на работењето за времетраењето на проектот. Подготовката на оваа публикација e во рамките на проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста“, поддржан од Британска амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа публикација се на авторите. |