Емина Нурединоска - Консултант |
Емина Нурединоска, Обучувач/Консултант Родена е на 16 април 1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година, и е магистер по меѓународно право - тема „Слобода на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Таа е ангажирана во МЦМС од 2001 година и има седумгодишно искуство во градење на организациски капацитети преку консултации и обуки. Клучни квалификации се: консултации од областа на правната и фискалната рамка за граѓанските организации, вклученост во креирање на политиките и промоција на граѓанскиот сектор во јавноста; консултации и испорака на обуки за лобирање и застапување; добро управување и креирање политики; како и фасилитација на настани и процеси. |