Геоекономијата на заробените држави: Усогласување на антикорупциските и стратешките императиви на Западен Балкан Печати

PDF: the-geoeconomics-of-state-capture-reconciling-anti-corruption-and-strategic-imperatives-in-the-western-balkans.pdf
Датум: септември, 2026

rar coverМрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објави Регионалниот извештај за борба против корупција насловен Геоекономијата на заробените држави: Усогласување на антикорупциските и стратешките императиви на Западен Балкан.

Извештајот е заснован на длабинско истражување базирано на проценка и дијагностика на заробеност на државите (SCAD) со главна порака дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е заробена во тридецениски ќорсокак во внатрешното управување, предизвикана од системско заробување на државите и стратешка корупција. Вкоренетите политички и бизнис мрежи манипулираат со законодавството, именувања во извршните редови, медиумите и јавните набавки за да обезбедат неказнивост и да ја приватизираат јавната моќ. Дополнително, странските авторитарни сили ги искористуваат ваквите ранливости. На пример, Русија преку енергетско влијание и избегнување санкции, а Кина преку инфраструктура финансирана преку долгови, претворајќи ги локалните постоечки мрежи во геополитичко влијание како антитеза на евроатлантската интеграција.

Методологијата на СЕЛДИ е комбинација од единствено мерење на реалната пролиферација на корупцијата и на ранливоста кон заробена држава, заедно со проценка на антикорупциската инфраструктура која има цел да ги намали истите. Поглавјата содржани во овој извештај ја прикажуваат состојбата со институционалната поставеност на државите, овозможувачката средина за корупција во делот на правосудство, медиуми и јавна администрација, заробеноста на државите од страна на бизнис и приватни интереси, преку јавни набавки, прикажување на стратешката корупција и нуди начини како да се реобликуваат европските интеграции со цел надминување на постоечката заробеност на државите.


Поврзани: