| Заробеност на државата, отчетност и стратешка корупција во Западен Балкан: Клучни наоди од Регионалниот извештај за борба против корупцијата на СЕЛДИ 2026 |
|
| Среда, 28 октомври 2026 15:08 | |||
|
Регионот на Западен Балкан не се движи кон демократска консолидација. Новите податоци од Дијагностиката за проценка на заробеност на државата (СКАД) и Системот за мониторинг на корупцијата (ЦМС) на СЕЛДИ, претставени во Регионалниот извештај за борба против корупцијата, укажуваат на три главни заклучоци. Заробеноста на државата е длабоко вкоренето низ целиот регион. Институциите за отчетност, судовите и медиумите остануваат под силно политичко и приватно влијание. Заробените институции сè повеќе стануваат влезна точка за странско авторитарно влијание.
Заробеност на државата: нема движење кон демократска консолидација
Заробувањето на државата е во корелација и со ставовите кон Европската Унија. Трите земји со највисоки резултати за заробеност на државата бележат и најниска доверба во ЕУ: Босна и Херцеговина (58%), Северна Македонија (54%) и Србија (37%). Заробените институции не го слабеат само управувањето, туку и јавната поддршка за европскиот пат. Поткупот останува дел од секојдневното искуство на граѓаните. Уделот на граѓани што дале поткуп се движи од 17% во Косово* до 59% во Албанија. Во Албанија, Босна и Херцеговина и Србија, граѓаните изјавиле дека во повеќето од случаите самите дале поткуп, отколку што им било побарано, што укажува на активна вклученост во корупцијата. Административната корупција останува секојдневната основа врз која почива заробувањето на државата. Отчетност: институциите, судовите и медиумите се заробени
Експертите го гледаат судството изложено на силно политичко и на приватно влијание. Северна Македонија бележи највисоко перципирано политичко (95%) и приватно (89%) влијание врз правосудниот систем, а потоа следуваат Србија и Босна и Херцеговина. Дури и во Црна Гора, предводникот во регионот на патот кон ЕУ, половина од експертите гледаат несоодветно политичко влијание врз судовите. Ниту една земја во регионот не ја достигнува барем средината на скалата за независност на регулаторите и независност на медиумите. Албанија бележи највисок резултат, 48% во двете категории. Додека, Србија е блиску до нула, со 3% за независноста на регулаторите и 6% за независноста на медиумите. Стратешка корупција: заробените институции како влезни точки за странско влијание
Странските актери ги искористуваат домашно заробените институции како влезни точки за контрола. Загриженоста е најголема во Србија. Таму 87% од експертите сметаат дека инвестициите од земји надвор од ЕУ и ОЕЦД се политички мотивирани, а 83% веруваат дека странски субјекти надвор од ЕУ контролираат сектори од економијата. Следува Босна и Херцеговина, со 63% и 73%, соодветно. Повеќето граѓани се сомневаат дека корупцијата може значително да се намали. Големи мнозинства во Албанија (76%), Северна Македонија (67%) и Босна и Херцеговина (66%) веруваат дека тоа не е можно. Косово* е исклучок: 63% од граѓаните таму гледаат простор за промени. Наодите покажуваат ланчан самозасилувачки циклус. Секојдневнот поткуп ги одржува заробените институции. Заробените институции ги покоруваат судовите, регулаторите и медиумите. Слабата отчетност, пак, ја отвора вратата за политички мотивирани странски инвестиции и ја еродира јавната поддршка за интеграцијата во ЕУ. Прекинувањето на овој циклус бара спроведување на постојните антикорупциски обврски, вистински независни судства и регулатори, како и транспарентни и конкурентни јавни набавки. Преземете ги инфографиците *Овој назив не ги прејудицира ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за прогласувањето на независноста на Косово.
|