Доделени единаесет партнерски грантови на Цивика мобилитас Печати
Среда, 03 декември 2025 11:42

Комисијата за избор на грантови ги оцени пријавите кои организациите ги поднесоа на повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ-2) што беше отворен до 15 октомври 2025 година.

dodeleni grantovi1

На повикот пристигнаa 111 пријави на вкупно 248 граѓански организации (111 но-сители и 137 партнери). Од нив, 100 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата.

Подолу се организациите добитници на партнерските грантови:

  • Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје, во партнерство со Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Локалните инспектори под лупа: Унапредување на законитоста и одговорноста на локалната инспекција“.
  • Здружението на новинарите на Македонија Скопје, во партнерство со Фондацијата за медиуми и граѓанско општество Македонски институт за медиуми Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“.       
  • Здружението на граѓани Младите можат Скопје во партнерство со Здружението на граѓани СУПОРТКО Кочани, ќе го спроведуваат проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“.
  • Институтот за истражување на општествениот развој Ресис Скопје во партнерство со Здружението Совет за етика во медиумите на Македонија Етика прес, ќе го спроведуваат проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанското општество“
  • Здружението Младински Сојуз – Крушево во партнерство со  Здружението Центар за интеркултурен дијалог Куманово и Здружението Институт за развој на заедницата Тетово, ќе го спроведуваат проектот „Мојот глас во мојот град“.
  • Здружението Конект Скопје во партнерство со Фондацијата Аполонија Гевгелија, ќе го спроведуваат проектот „Промени за одржливост“.
  • Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт Скопје во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми Берово, ќе го спроведуваат проектот „Нула биоотпад: Системски промени преку партнерство со граѓаните“.
  • Здружението Прва детска амбасада во светот Меѓаши Скопје во партнерство со Здружението Импетус – Центар за интернет, развој и добро управување Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Безбеден интернет простор за деца и млади“
  • Здружение на еколозите Натура Струга во партнерство со Здружението извиднички одред Мирко Милески Кичево, ќе го спроведуваат проектот „Граѓаните за чист воздух“
  • Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје во партнерство со Здружението за попреченост и правда ЗЕТА, ќе го спроведуваат проектот „Застапување за дигитална инклузија“
  • Здружението за правни истражување и анализи Центар за правни истражувања и анализи Скопје во партнерство со Македонското здружение на млади правници, ќе го спроведуваат проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“.

Новите грантисти ќе дејствуваат во шест различни сектори: унапредување на дигитална трансформација, овозможувачка околина за развој на ГО, борба против корупција и истражувачко новинарство, социјална кохезија, родова еднаквост и зелени иницијативи. Акциите ќе се спроведуваат во период од 10 до 12 месеци.

Избраните организации се од скопскиот, североисточниот, полошкиот, источниот, пелагонискиот, југоисточниот и југозападниот регион во Македонија и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.

Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие партнерски грантови е околу 32.600.000 МКД.


Поврзани: