Прашалник за работата на Граѓанскиот ресурсен центар |
![]() |
Четврток, 27 март 2025 16:04 | |||
Граѓанскиот ресурсен центар спроведува анкета за задоволството на граѓанските организации од нивната поддршка. Вашите коментари и сугестии се важни за унапредување и подобрување на услугите што ги нудат! Одвојте 10 минути и споделете го вашето мислење преку анкетата. Ве информираме дека пополнувањето на овој прашалник е анонимно. Ве молиме да одговорите на следниот прашалник: ПРАШАЛНИК ЗА РАБОТАТА НА ГРАЃАНСКИОТ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2 е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.
|