Тематски форум на Цивика мобилитас Печати
Вторник, 20 април 2021 11:34

Ве покануваме да го проследите Тематскиот форум на Цивика мобилитас на тема: „Улогата на медиумите и граѓанскиот сектор во јавното информирање за успешно спроведување на пописот 2021“. Форумот ќе се емитува вечерва (20 април) во „Емисија 200“ на телевизија Алсат-М во 21:45 часот. Тематскиот форум можете да го проследите во живо преку социјалните медиуми.

tematski forum mk

Во емисијата во улога на говорници ќе учествуваат:

  • Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Н.Е Сибил Сутер Техада;
  • Александар Кржаловски, директор на МЦМС и Национален тим лидер на Цивика Мобилитас програмата;
  • Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика;
  • Катарина Синадиновска, претседателка на Советот за етика во медиумите во Македонија.

Модератор на Тематскиот форум ќе биде Назим Рашиди, новинар и основач на Здружението Диверзити медиа.

Граѓанските организации и Цивика мобилитас заедницата на форумот ќе учествуваат преку прашањата доставени на маил, а истите ќе бидат упатени до учесниците од страна на директорот на МЦМС – Александар Кржаловски.