| Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет! |
|
| Понеделник, 28 септември 2026 09:51 |
|
Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција? Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.
Преку оваа иницијатива, најдобрите компании ќе бидат јавно промовирани и истакнати во Белата книга за деловен интегритет, етика и усогласеност во приватниот сектор - практичен каталог и водич за одржливо и етичко работење. Зошто да учествувате?
Цел на иницијативата Воспоставување транспарентен и објективен процес за евалуација и промоција на приватните компании кои успешно имплементираат антикорупциски политики, етички кодекси и механизми за усогласеност во секојдневното работење. Кој може да се пријави и кои се критериумите? За да се обезбеди сеопфатност и репрезентативност на македонската економија, повикот е отворен за сите деловни субјекти, со соодветна застапеност според:
Како ќе се спроведе процесот на избор? Процесот се одвива преку 3 транспарентни и методолошки поставени фази:
Сите компании кои ќе освојат над 70 бодови стекнуваат право да бидат вклучени како финални студии на случај и позитивни примери во Белата книга! Рок и начин на пријавување
Придружете ни се и бидете пример за работење со интегритет и етика во приватниот сектор! Оваа активност е дел од проектот „Градење општество отпорно на корупција“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија. |