Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот |
![]() |
Четврток, 03 јули 2025 11:28 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот. Во Северна Македонија постојат ограничени информации за распространетоста на родовото базирано насилство во спортот. Оваа анализа има за цел да ја пополни празнината со истражување за природата и степенот на таквото насилство, опфаќајќи ги физичките и психолошките форми на насилство (вербално, невербално, физичко и сексуално вознемирување и злоупотреба и слично) и медиумското покривање на истото. Напоменувајќи дека овие форми меѓусебно не се исклучуваат, туку се преклопуваат. Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности на следниот линк: 98-06_Opis_na_nadleznost-gender_based_violence_in_sports.pdf Рокот за поднесување на документите е до 31 јули (четврток) 2025 г. на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Подготовката на анализата се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој го спроведува ОКСМ во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, а финансиски е поддржан од Европската унија. |