Бегалската криза помеѓу економските придобивки и ризикот од појава на мито, организиран криминал и корупција Print

Автор: Артан Сулејмани
Дата: февруари 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-49-6
PDF: begalskata-kriza-pomegju-ekonomskite-pridobivki-i-rizikot-od-pojava-na-mito-korupcija-i-organiziran-kriminal.pdf

begalskata-kriza-pomegju-ekonomskite-pridobivki-i-rizikot-od-pojava-na-mito-korupcija-i-organiziran-kriminalВо овој приказ се анализираат економските придобивки, а наедно и ризикот од појава на мито, корупција и организиран криминал од бегалската криза.

Во првиот дел од истражувањето беа анализирани Законот за азил и привремена заштита на Република Македонија, податоци од невладините организации и државните органи кои се занимаваат со оваа проблематика со цел да се увидат можните извори на корупција. Посебен акцент беше ставен во анализата од појавата на неформална економија од бегалската криза и ризикот од појава на корупција и организиран криминал.

Анализата е надополнета и со апроксимативна пресметка и корелација помеѓу паричната маса во оптек и ризикот од појава на корупција во државата.

Има индиции кои укажуваат на можна злоупотреба на службената должност во граничниот премин Гевгелија, но и можна појава на криминални дејствија во меѓузоната на граничниот премин Табановце. Добиените податоци не се потврдени, затоа се третираат само како индиции. За оваа цел на крајот се дадени одредени препораки како превентивно да се дејствува за да се спречат можните негативни појави од овој тип.


Related: