Нова онлајн обука за Форми на граѓанско учество во донесување на одлуки на локално ниво - ГРЦ академија Print
Thursday, 29 January 2026 12:51

Академијата за граѓански организации на Граѓанскиот ресурсен центар е збогатена со нова онлајн обука на тема форми на граѓанско учество, механизми за ефективно учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво.

formi na gragansko ucestvo

Обуката ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за партиципативна демократија, формите на граѓанско учество предвидени со Законот за локална самоуправа, други формални и неформални методи за граѓанско учество и за консултативните механизми за вклучување на граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Обучувачот Златко Талевски споделува добри практики и препораки за поголемо учество на граѓаните во прецесите на креирање политики.

Што ќе научиш на оваа обука?

  • Партиципативна демократија и вклучување на граѓаните
  • Форми на граѓанско учество според законот за локална самоуправа
  • Формални и неформални механизми за вклучување на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво
  • Улогата на граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки
  • Добри практики и препораки за поголемо учество на граѓаните

За кого е наменета оваа обука?

  • Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации.

Потребни предзнаења?

  • За следење на оваа обука не се потребни предзнаења.

Обуката е бесплатна и се состои од еден видео модул со времетраење од 15 минути со достапни ресурсни материјали и квиз за проверка на знаењето. Регистрирајте се за оваа обука на https://rcgo.mk/formi-na-gragansko-uchestvo-mehanizmi-za-efektivno-uchestvo-na-graganite-vo-donesuvanje-odluki-na-lokalno-nivo/


Related: