Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет! Print
Monday, 28 September 2026 09:51

Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?

Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

слика за повик бела книга11

Преку оваа иницијатива, најдобрите компании ќе бидат јавно промовирани и истакнати во Белата книга за деловен интегритет, етика и усогласеност во приватниот сектор - практичен каталог и водич за одржливо и етичко работење.

Зошто да учествувате?

  • Препознатливост и репутација: Вашата компанија ќе биде позиционирана и промовирана како еден од лидерите за деловен интегритет, етика и добро управување.
  • Потврда за високи стандарди: Ќе добиете независна и стручна анализа на вашите интерни политики, процедури и механизми за усогласеност.
  • Деловна предност: Промоцијата во Белата книга служи како потврда за вашата посветеност пред клиентите, добавувачите, странските инвеститори и меѓународните партнери.

Цел на иницијативата

Воспоставување транспарентен и објективен процес за евалуација и промоција на приватните компании кои успешно имплементираат антикорупциски политики, етички кодекси и механизми за усогласеност во секојдневното работење.

Кој може да се пријави и кои се критериумите?

За да се обезбеди сеопфатност и репрезентативност на македонската економија, повикот е отворен за сите деловни субјекти, со соодветна застапеност според:

  • Големина: Средни (50–250 вработени) и големи компании (над 250 вработени).
  • Дејности: Сите индустрии, како во регулирани така и во дерегулирани сектори.
  • Сопственост: Домашни приватни компании и компании со странски инвестиции.
  • Регионална покриеност: Компании од сите плански региони во државата.

Како ќе се спроведе процесот на избор?

Процесот се одвива преку 3 транспарентни и методолошки поставени фази:

  1. Фаза 1 (Самопроценка и анализа): Пополнување прашалник за самопроценка и доставување на клучни интерни акти.
  2. Фаза 2 (Теренски интервјуа): Куси квалитативни интервјуа (45–60 мин) со претставници од раководството, офицер за усогласеност/правен сектор и/или човечки ресурси за проверка на практичната примена на политиките.
  3. Фаза 3 (Евалуација и селекција): Оценување според предефинирана матрица од 100 бодови (квалитет на акти, специфични политики, функционалност на терен и посветеност на раководството).

Сите компании кои ќе освојат над 70 бодови стекнуваат право да бидат вклучени како финални студии на случај и позитивни примери во Белата книга!

Рок и начин на пријавување

  • Краен рок за пријавување: 15.10.2026 година
  • Начин на пријавување: Пополнете ја онлајн пријавата на следниот линк: https://forms.gle/PvyTBx1x63Xa4BsKA

Придружете ни се и бидете пример за работење со интегритет и етика во приватниот сектор!

Оваа активност е дел од проектот „Градење општество отпорно на корупција“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија.


Related: