| Граѓанскиот сектор во бројки 2025 |
|
| Friday, 28 August 2026 15:05 |
|
Датум: август 2026
Стоте најголеми граѓански организации во Северна Македонија во 2025 година оствариле вкупни приходи од 4,41 милијарди денари (околу 71,7 милиони евра). Иако тие сочинуваат само 1,7% од вкупно 5.892 активни организации во земјата, кај нив се концентрира значителен дел од финансиската моќ на секторот. Тие вработуваат 703 лица. Публикацијата се потпира на два извора: годишните сметки што организациите ги поднесуваат до Централниот регистар на Република Северна Македонија (податоци за приходите, расходите, резултатот, обврските и вработените за 2023, 2024 и 2025 година) и регистарот на граѓански организации на истата институција (датум на основање, правна форма, големина, дејност и седиште). Вкрстувањето на двата извора дава детална слика за структурата, географијата, растот, ранливостите и општественото значење на организираното граѓанско општество. Публикацијата е наменета за широк круг читатели: самите граѓански организации, домашните и странските донатори, државните институции, истражувачите и медиумите. Затоа наративот е воден од прашања, а не од табели: колкав е всушност секторот; каде живее; колку е стар; колку организациите со најголеми приходи се одвоени од остатокот; колку е подвижна хиерархијата; што се случи со парите и со луѓето во 2025; и што од сето тоа произлегува како задача за секој од чинителите. |