Справување со поделбите по етничка линија: политики за недискриминација и општествена кохезија |
Документ за политики Во Северна Македонија заштитата од дискриминација е издигната на највисоко ниво во законската регулатива. Во членот 9 од Уставот се наведува дека “граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“. А, во 2020 година се донесе нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува проширени дејствија за промоција, превенција и заштита за еднаквоста, човековите права и (не)дискриминацијата. Во Северна Македонија заштитата од дискриминација е издигната на највисоко ниво во законската регулатива. Во членот 9 од Уставот се наведува дека “граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“. А, во 2020 година се донесе нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува проширени дејствија за промоција, превенција и заштита за еднаквоста, човековите права и (не)дискриминацијата. Дополнително, во контекст на ЕУ проширувањето, фокусот на добри меѓуетнички односи, интеркултурниот дијалог и остварување на правата на заедниците е особено важен бидејќи е дел од кластерот „фундаменталс“ кој е клучен за напредокот во преговорите. Дваесет и две години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД), општетсвото во Северна Македонија останува поделено долж етнички линии, каде етничките заедници живеат една покрај друга без значително продлабочување на интеракцијата. И ден денес јазовите меѓу главните етнички заедници излегуваат на површина во ситуации како што се изборните процеси, политичките кризи, судски случаи, а беа присутни и при самото одбележувањето на дваесетгодишнината на ОРД. Со цел подобро да се разберат трендовите во однос на етничките поделби, во овој документ за политики ќе се анализираат воспоставените институционални и стратешки политики за нивно сузбивање, фокусирајќи се на: Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026, Национална стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026 и Стратегија за инклузија на Роми 2022-2030. |