Време: Жители од 15 града ќе пишуваат до Советот на Европа Shtyp
E martë, 30 mars 2004 01:00

Во 15 града низ Македонија од вчера продолжи кампањата „Кажи: Македонија!“, во која граѓаните испраќаат пораки до Советот на Европа против документот со кој македонскиот народ, јазик и култура се нарекуваат „словенски“. Кампањата ќе трае до петок, најавија организаторите.

Граѓани на Тетово, Куманово, Битола, Велес, Штип, Радовиш, Гевгелија, Кичево, Прилеп, Виница, Делчево, Македонска Каменица, пет дена ќе испраќаат картички и ќе се потпишуваат на протестното писмо. На посебни штандови ќе се делат разгледници и ќе се продаваат марки. Граѓаните ќе ги оставаат картичките во две кутии - едната на адресата на Советот на Европа во Стразбур, другата до Канцеларијата во Скопје. На крајот на неделата организаторите ќе оценат колку граѓани учествувале во акцијата.

Кампањата „Кажи: Македонија“ ја организираат МЦМС, ОХО, фондацијата Отворено општество, Евробалкан, институтите за македонски јазик и за историја и Економскиот институт.

С. С.

Извор: Време (30.март.2004)


Te nderlidhura: