Менторска поддршка за граѓански организации Shtyp
E diel, 20 shtator 2020 15:28

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ нуди менторска поддршка за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети за транспарентно и отчетно работење. Менторството ќе го обезбеди тимот на експерти од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

20200920 DFG mentorska poddrska

Нашите експерти ќе ви бидат достапни за прашања поврзани со подобрување на организациската структура, организациски документи, годишни извештаи, раководење со човечки ресурси, финансиско работење, комуникации и мониторинг и евалуација.

Доколку вашата организација има потреба од дополнителна експертиза, мислење или совети за организациски процеси и операции ве молиме пополнете го прашалникот подолу и одберете ги соодветните области во кои ви е потребна поддршка. Менторската поддршка е покриена од МЦМС.

Прашалник за менторска поддршка

Првите 15 граѓански организации кои ќе го пополнат прашалникот ќе бидат исконтактирани од страна на проектниот тим за отпочнување на процесот на менторирање. Ве поттикнуваме да ја искористите оваа можност и добиете совети за понатамошен развој.

Програмата ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС), а е финансирана од Европската Унија.


Te nderlidhura: