Најдобри градоначалници за социјална инклузија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најдобри градоначалници за социјална инклузија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 22 maj 2012 10:52

Градоначалниците кои имаат најдобри практики за социјална инклузија, пред сѐ на Ромите, ќе бидат наградени за тоа, а ќе имаат можност и да соработуваат и да ги надградуваат своите општини во мрежата МЕРИ – Градоначалниците ги користат фондовите на Европската Унија за Ромите. Иницијативата за оваа мрежа е на Институтот Отворено општество од Будимпешта (ОСИ).

IMG 0410

Со цел да се разгледа и утврди методологијата за избор на најдобри градоначалници, како и идните членови на МЕРИ, ОСИ организираше работилница на 17 и 18 мај 2012 г. во Будва, Црна Гора за 14 претставници на граѓански организации и институции од Албанија, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Од Македонија учествуваа претставници на МЦМС, Иницијатива за социјална промена (ИнСок), Месечина – Гостивар и Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово.

IMG 0436

На работилницата беше претставен повикот и метологодијата за номинирање за награда на најдобри градоначалници во Европа за вклучување на Ромите. Номинациите ќе бидат во форма на студии на случај за десетина идентификувани општини со добри пратики. Учесниците на работилницата ги информираа за општините со најдобри практики за вклучување на Ромите и подготвија по еден пример на студија на случај по земја. Практиките се во областите на образованието, вработувањето, здравството, домувањето и јавните услуги, а учествуваат земјите кои се вклучени во Декадата на Ромите.

За најдобрите практики ќе биде снимен и краток филм, додека номинираните градоначалници со добри практики ќе бидат поканети на првата конференција на МЕРИ, која ќе се одржи во октомври во Будимпешта под патронат на Европската комисија. На оваа конференција се очекува да учествуваат над 300 градоначалници и претставници на локалната самоуправа од цела Европа.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Најдобри градоначалници за социјална инклузија