Градење капацитети на актери на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети на актери на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта

Градење капацитети на актери на граѓанското општествоОпшта цел на проектот беше развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации (ГО) и другите актери на граѓанското општество. Цел на проектот беа зајакнати капацитети на ГО за одржливост.

Целна група на проектот беа претставниците и другите актери на граѓанското општество. Проектот се спроведе во Скопје, Охрид и Куманово.

Со проектот се постигна следниот резултат: Обучени 109 претставници на организациите на граѓанското општество и зајакнати капацитети на ГО и другите актери. Проектот се спроведе преку следните активности:

а) Општи (редовни) обуки
Во првото полугодие од годината беше објавен оглас за 4 редовни обуки: Пристап до ЕУ фондови; Односи со јавност; Стратешко планирање и Раководење со човечки ресурси. На обуките на комерцијална основа можеа да учествуваат сите заинтересирани, а претс-тавниците на ГО имаа право на стипендија во висина од 50 % од трошоците за обуката.
Обуката „Односи со јавноста“ се одржа од 7 до 10 јули 2009 г. во Скопје. На обуката учествуваа 12 членови на ГО и верските заедници. Обуката „Пристап до фондовите на ЕУ“  се одржа од 15 до 17 јули 2009 г. во Охрид. На обуката учествуваа 12 членови на ГО, верските заедници и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи. Обуката „Раководење со човечки ресурси“ се одржа од 29 до 31 октомври 2009 г. во Скопје. На обуката учествуваа 10 членови на ГО. Обуката „Стратешко планирање“ не се одржа заради недоволен број пријави за учество.

б) Скроени обуки и консултации
Скроени обуки и консултации беа испорачани за Ромската организација на жените во Македонија „Даја“, Организацијата за безбедност и сигурност во Европа (ОБСЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).
За РОЖМ „Даја“ беа испорачани скроена обука и консултации за финансиска одржливост. Обуката се одржа од 8 до 10 јуни 2009 г., а учествуваа 9 учесници, дел од персоналот и раководството на „Даја“. До 15 јули 2009 г. заеднички со раководството на „Даја“ се подготви среднорочна Стратегија за финансиска одржливост на организацијата.

Во рамките на договорот за испорака на услуги за градење капацитети на партнерите на ОБСЕ беа испорачани обуката за презентациски вештини и обука за обучувачи наменети за адвокати и обука за обучувачи за медијатори, како и консултации за Блу скај. Обуките за адвокатите се одржаа во периодите 6-7 јуни, 26-27 септември и 17-18 октомври 2009 г. во Скопје. На обуките учествуваа вкупно 19 учесници. Изборот на учесници го направи ОБСЕ. Обуката за обучувачи за медијаторите се спроведе на 18 и 19 декември 2009 г. На обуката учествуваа 20 медијатори од Република Македонија. Селекцијата на учесниците беше направена од страна на ОБСЕ во соработка со Комората на медијаторите на Република Македонија. За младинската мрежа Блу скај беа испорачани консултации за подготовка на стратегија за работа.

ССК го ангажираше МЦМС за проценка на потребите за развој на капацитетот и за подготовка на стратегија за работа на ССК. Проценката на потребите беше направена писмена анкета и состаноци со Управниот одбор на ССК. За подготовката на стратегијата се одржа дводневна работилници и консултации (фасилитација на процесот на подготовка).

Во периодот септември – ноември 2009 г. МЦМС спроведе оценка на активностите за градење капацитети за подобрување на детската заштита во Република Македонија, организирани од страна на Заводот за социјални дејности од Скопје, а по барање на УНИЦЕФ.

Периодот на спроведување на проектот беше 10 мај – 15 декември 2009 г.

Претпоставките дека ГО се свесни за своите организациски и институционални слабости и дека се заинтересирани за развој на вештините и знаењата не се остварија во целост. Интересот за учество на обуките беше мал, така што една од планираните редовни обуки беше откажана.

МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот. Проектот е финансиран од ОБСЕ, УНИЦЕФ, ССК, РОЖМ; „Даја“ и учесниците на обуката. Буџетот изнесува 392.496 МКД.

Извршно резиме од проектот

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми