Активно граѓанство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Активно граѓанство PDF Печати Е-пошта

Тетовскиот, Кумановско-Липковскиот и Скопскиот регион  се дел од т.н. поранешни кризни региони во земјата кои беа дел од конфликтот во 2001 година. Од тој период до сега, постигнато е одредено ниво на хармонизација на односите меѓу различните етнички групи, но, постојат многу локални проблеми кои треба да се дискутираат и решат со заеднички напори на различните засегнати страни. Овие региони се карактеризираат со слаба инфраструктура, неразвиеност, географска и институционална изолираност и висок процент на невработеност.

dum301-ziОвие локални проблеми треба да се дискутираат и решат со заеднички напори на различните засегнати страни. Од една страна, во овие региони постојат граѓански организации кои со својот ентузијазам, можат да дадат помош и поддршка во надминувањето на проблемите во заедницата со цел да се постигнат посакуваните резултати, а од друга страна, за решавање на локалните проблеми, неопходна е иницијатива и активност и на локалните општински лидери и активни граѓани, воопшто.  Но, ниту организациите ниту локалните лидери не се доволно развиени и обучени да ја дадат потребната поддршка.

Општа цел на проектот беше да придонесе кон подобрување на одговорноста на граѓаните, граѓанските организации и институциите. Целна група на проектот беше населението од руралните области на Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Директни корисници беа локалните општински лидери и локалните активни граѓани од месните заедници на руралните области на Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Цел на проектот беше да се зголеми свест и да се зајакнат капацитети за граѓанска одговорност на локалните општински лидери и локалните граѓани од руралните области на Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Очекувани резултати на проектот беа: Подигната свест, развиени и зајакнати капацитети на општинските лидери за развојни иницијативи и нивна формулација во проекти; Да се стимулират иновации/активности за решавање на локални проблеми во месните заедници; Да се воспостават партиципативен пристап во месните заедници и општините и да се развијат предлог проекти за инфраструктурни иницијативи во секоја од селектираните месни заедници.

Во рамките на овој проект беа спроведени 9 работилници (по 3 во Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион) на следниве теми: Работилица за проектно планирање; Работилница за формулација на проекти и Работилница за буџетирање и пристап до донатори.

Работилици за проектно планирање;

На работилица за проектно планирање што беше организирана во Скопје, учествува 9 локални заедници со вкупно 14 учесници (сите 14 учесници беа мажи): Кондово, Радуша, Љубин, Горно Оризари, Орланци, Арачиново, Танушевци, Мирковци анд Грчец.

На работилица за проектно планирање што беше организирана во Тетово, учествува 9 локални заедници со вкупно 14 учесници (2 учеснички беа жени останатите 12 учесници беа мажи): Старо село, Нераште, Доброште, Пирок, Боговиње, Брвеница, Седларево, Стримница и Теарце.

На работилица за проектно планирање што беше организирана во Куманово, учествува 8 локални заедници со вкупно 17 учесници (1 од учесничките беше жена, останатите 16 учесници беа мажи): Рамковце, Липково, Опае, Слупчане, Лојане, Умин Дол, Лукаре и Пелинце.

Работилници за формулација на проекти;

На работилницата за формулација на проекти што беше организирана во Скопје, учествува 7 локални заедници со вкупно 9 учесници (сите 9 учесници беа мажи): Љубин, Горно Оризари, Арачиново, Орланци, Танушевци, Мирковци и Радуша.

На работилницата за формулација на проекти што беше организирана во Тетово, учествува 8 локални заедници со вкупно 10 учесници (2 учеснички беа жени останатите 8 учесници беа мажи): Стримница, Нераште, Боговиње, Доброште, Седларево, Теарце, Старо село и Пирок.

На работилницата за формулација на проекти што беше организирана во Куманово, учествува 8 локални заедници со вкупно 13 учесници (сите 13 учесници беа мажи): Слупчане, Липково, Лојане, Пелинце, Опаје, Лукаре, Лојане и Умин Дол.

Работилници за буџетирање и пристап до донатори;

На работилница за буџетирање и пристап до донатори што беше организирана во Скопје, учествува 8 локални заедници со вкупно 8 учесници (сите 8 учесници беа мажи): Мирковци, Танушевци, Арачиново, Горно Оризари, Љубин, Радуша, Орланце и Кондово.

На работилница за буџетирање и пристап до донатори што беше организирана во Тетово, учествува 8 локални заедници со вкупно 9 учесници (2 учеснички беа жени останатите 7 учесници беа мажи): Теарце, Доброште, Старо село, Боговиње, Пирок, Копанце, Седларево и Нераште.

На работилница за буџетирање и пристап до донатори што беше организирана во Куманово, учествува 6 локални заедници со вкупно 14 учесници (сите 14 учесници беа мажи): Слупчане, Опае, Рамковце, Пелинце, Лукаре и Липково.

МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на проектот.

Средствата за спроведување на овој проект беа обезбедени од ОБСЕ.

Временскиот период на спроведување е 01 јули – 31 декември 2008 година.

Трошоците за проектот изнесуваа 190.578,00 МКД (директни трошоци).

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми