Комуникациски вештини Печати

Комуникациски вештини„Не можете да не комуницирате!“, ова е првото правило што го одредува текот на комуникацијата. Комуникацијата е процес на испраќање пораки и примање одговор од примателот за тоа како тој/таа ја примил/а пораката.

Со учество на оваа обука ја научите важноста на ефикасното и  ефективно комуницирање при водењето на состаноци, постигнување најмногу од состаноците, приоретизирајќи ги резултатите и целите кои треба да се постигнат. Кон крајот на обуката учесниците ќе бидат способни да:  направат разлика помеѓу добра и лоша комуникација; идентификуваат фактори кои можат да бидат препрека во комуникацијата; употребуваат техники за  елиминирање или намалување на причините кои доведуваат до пречки  во комуникацијата; ги толкуваат и применуваат пораките пренесенувани преку говор на телото; применат активно слушање и поставување прашања; разберат и можат да го применуваат концептот на позитивна/негативна повратна информација-фидбек; одредат сопствениот стил на личност и да ги препознаваат другите стилови на личности; знаат елементите на добра комуникација во работната средина; стекнат  вештини за планирање и водење на ефективни состаноци/настани.

Содржина

  • Вовед во комуникација;
  • Типови на комуникација;
  • Двонасочна комуникација;
  • Невербална комуникација;
  • Комуникацијата и стилови на личност;
  • Стилови на комуникација;
  • Активно слушање/повратна информација при комуникација - фидбек;
  • Пречки во комуникацијата;
  • Емпатија;
  • Комуникација во функција на градење односи во работната средина;
  • Основни поими за фацилитација/ основни поими за фацилитатор;
  • Основни вештини на фацилитација;
  • Типови одлуки;
  • Ефективни состаноци/настани;
  • Асертивни техники;
  • Техники на дискусија.

Поврзани: