“Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија“ - компаративна анализа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

“Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија“ - компаративна анализа PDF Печати Е-пошта

Автор: Ебен Фридман
Дата: 2005 година
ISBN: 9989-102-12-0
PDF:
  integracijata-na-romite-vo-slovacka-i-makedonija.pdf

Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонијa„Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија - компаративна анализа” е дел од докторската теза на Ебен Фридман на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, под наслов „Објаснување на политичката интеграција на малцинствата: Ромите како тежок случај”.

Компаративната анализа ги содржи клучните делови од докторската теза според избор на авторот. Опфатени се делови за Словачка и за Македонија, за општата состојба на Ромите, политиката на владата и ромската стратегија за справување со проблемите.

Со издавањето на компаративната анализа се постигнуваат две цели. Првата е согледување на состојбата со ксенофобијата, почитување на разликите и толеранцијата во Македонија, и тоа на случај на „мало” малцинство. Ова е важно од аспект на градење мултикултурно, а не моно или бикултурно општество. Втората е придонесот во градење „национална стратегија” за справување со проблемите на Ромите и во пресрет на Ромската декада 2005-2015.

Корисноста е зголемена со можноста за споредба (со Словачка) и со фактот дека авторот е независен и непристрасен набљудувач.

МЦМС има надеж дека оваа анализа ќе биде поттик и за други, пред се за домашни студии и анализи за мултикултурата, малите малцинства и Ромите во Македонија.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации