Дарко Димов Печати

ddmДарко Димов, Соработник на проекти
ddm@mcms.mk
+ 389 2 3088 991

Роден е на 21.04.1987 во Добој (БиХ). Дипломирал на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ (УАКС) во Скопје. Бил ангажиран во граѓанскиот сектор преку граѓанската организација Националниот демократски институт Македонија (НДИ) во 2011 година. Во активностите на МЦМС се вклучува како волонтер во септември 2012 година, за потоа да продолжи како помлад соработник на проекти од јануари 2013 во одделението за локален и рурален развој. До крајот на 2014 работи на програмата „Форуми во заедниците“. Истата година започнува да работи на програмата за поддршка на граѓанско општество - Цивика мобилитас во одделението за граѓанско општество. Моментално работи на грантовската компонента од програмата како грант менаџер за акциски и специфични акциски грантови.