Мобилен ресурсен центар во Битола Печати
Четврток, 10 мај 2018 15:36

Граѓанскиот ресурсен центар имаше отворен ден со граѓанските организации (ГО) во Битола на 10 мај 2018 година.

20180514 NRC Bitola vest 2

На средбата учествуваа 26 претставници на организации од пелагонискиот регион. Тие истакнаа дека опкружувањето за ГО во нивниот регион е во лоша состојба. Општините немаат контакт лице за поддршка на ГО, недостасува стратешки пристап, а, а и таму каде што има локални стратегии за соработка со граѓански организации, нема реализација на планираните активностите.

Оваа активност е дел од Мобилниот ресурсен центар, чија цел е да ги приближи услугите на Граѓанскиот ресурсен центар до што е можно поголем број организации во цела Македонија. Мобилните ресурсни центри не само што им овозможуваат на локалните организации да бидат информирани за случувањата во граѓанскиот сектор и за активностите на Граѓанскиот ресурсен центар туку им даваат и можност да информираат со какви предизвици се соочуваат при работењето.

20180514 NRC Bitola vest

Дополнително, организациите имаа можност да бидат вклучени и во консултативниот процес и да дадат свои предлози за новиот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020. Министерство за информатичко општестсво и администрација (МИОА) ги организира консултациите за новиот акциски план со поддршка на МЦМС во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. 

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија.


Поврзани: