Преку уметноста се гради свеста за елиминација на детскиот труд Печати
Понеделник, 29 јануари 2018 14:50

Вкупно 53 деца од основните училишта во општина Кривогаштани беа наградени на третиот по ред конкурс на тема „Со ракатките и прегратките на тутунарите“ што го организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), општината Кривогаштани и основните училишта „Манчу Матак“ и „Јонче Смугрески“.

Preku umetnosta se gradi svesta za eliminacija na detskiot trud 1

„Со манифестацијата сакаме да ја подигнеме свеста кај населението за намалување на детскиот труд и рециклирање на отпадот од обработката на тутун“, изјави Дијана Каравилоска, в.д. директорка на училиштеот „Манчу Матак“ од Кривоштани. Таа истакна дека оваа година, за прв пат била изведена драмска претстава што ја подготвила драмската секција од училиштето. Преку претставата, учениците ја пренеле перцепцијата на луѓето за процесот на продавање на тутун. 

„Иако во помал број, во однос на претходната година, овогодишните дела беа многу поконцизни и дадоа целосна претстава за фармите“, рече Наташа Димеска, една од операторките кои работат во Канцеларијата за поддршка на тутунопроизводителите.

Ивана Кравилоска и нејзините другарчиња од трето одделение ја добија третата награда. „Направивме куќа со двор, кукла со дете, кош и рамка за тутун и тие беа изработени од конци, дрва, саргија, картон и тутун. Бевме многу среќни кога ја добивме наградата“, рече Ивана. Деветоодделенката Маја Баракоска не учествувала на конкурсот но, вели, и се допаднале изработките на другите деца и претставата што ја подтовиле. „Оваа година нас ние последна па се надевам дека другите генерации ќе бидат поуспешни и ќе продолжат со изработките“, ни рече Маја.

Preku umetnosta se gradi svesta za eliminacija na detskiot trud 2

Оваа година, училиштето одлучило делата да останат изложени уште 10 дена по завршувањето на церемонијата за доделување награди со цел да ги видат што поголем број ученици и родители и на тој начин да се мотивираат за учество на некој од следните конкурси. „Вкупно 500 ученици и нивните родителни ја посетија изложбата“, рече директорката Каравилоска. Покрај тоа, училиштето покрена иницијатива за објавување на наградените дела од трите конкурси во една публикација што ќе овозможи трајно да бидат зачувани делата на учениците. 

Манифестацијата се одржа на 15 декември 2017 година, а ја поддржаа трите тутунски компании Сокотаб, Тутунски комбинат Прилеп и Алијанс Оне Македонија со финансиска помош од Филип Морис ТКП  кои го поддржуваат проектот за елиминација на детскиот труд од производството на тутун.


Поврзани: