Државното финансирање за граѓанскиот сектор мора да се реформира - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Државното финансирање за граѓанскиот сектор мора да се реформира PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 октомври 2017 14:01

Транспарентен начин на распределба на државните пари за граѓанскиот сектор, зголемување на буџетските износи, отворен повик со јасни критериуми, независна комисија за одлучување и отчет за сработеното, ова беа темите за кои разговараа претставниците на државните институции и граѓанските организации на завршната конференција „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија“, што ја организираше МЦМС на 27 октомври 2017 во х. Холидеј Ин. 

Drzhavnoto finansiranje za gragjanskiot sektor mora da se reformira 1

Александар Кржаловски истакна дека во процесот на пристапување кон Европската Унија, Македонија неизбежно ќе мора да го реформира системот на финансирање на граѓанскиот сектор и да ја преземе улогата на главен донатор. Споредбено со регионалните стандарди, Република Македонија годишно ќе треба да издвојува околу 30 милиони евра, за разлика од досегашните помеѓу четири и пет милиони евра

Драги Рашковски, Генералниот секретар на Владата на РМ додаде дека процедурата на распределба мора да биде зајакната. „Ако во минатото постоеше перцепција дека средствата дадени во граѓанските организации се трошат без некаков реален фидбек, интенцијата на Владата ќе биде да направиме реална проценка каде средствата кои сме ги донирале дале ефект и колкав е тој врз општеството“, додаде тој. 

Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија во Скопје истакна дека развојот на граѓанскиот сектор е една од најзначајните функции на државата, а потребата од добро граѓанско организирање води до подобро функционирање на државата. Тој додаде дека тоа што е најпотребно е зајакнување на довербата на граѓаните кон граѓанските организации.

Drzhavnoto finansiranje za gragjanskiot sektor mora da se reformira 2

Горан Форбици од ЦНВОС од Словенија, ги сподели добрите практики за државното финансирање на граѓанските организации од регионот и од Словенија. Тој рече дека во Хрватска и Словенија настанала криза по пристапувањето во ЕУ заради заминувањето на донаторите. Затоа, препорача да се направи соодветна егзит стратегија за поддршка од државата и одржување на жив и конструктивен граѓански сектор. 

Емина Нурединоска од МЦМС ги презентираше наодите од националната анализа во која се дава осврт на државното финансирање на граѓанските организации во Македонија. Таа истакна дека висината на износот на буџетските средства од централно ниво не е соодветна на потребите на граѓанските организации. Имено, само 0,02% од вкупните расходи на буџетот на РМ се наменети за отворени повици до здруженија и фондации. Главен извор на буџетските средства наменети за организации, доколку се изземат средствата кои ги распределува Министерството за правда до политичките партии од ставката 463 (42%), се средствата од игрите на среќа и забавните игри кои учествуваат со 74% од приходите во ставката 463.

На настанот се дискутираа и причините зошто граѓанските организации не аплицираат на јавните повици од држава, на што сите присутни од државната управа се согласија дека се залагаат за реформирање и унапредување на системот за државно финансирање. 

Причини зошто ГО не аплицираат на повици

Drzhavnoto finansiranje za gragjanskiot sektor mora da se reformira 3

Анализата послужи за развивање модел за реформа на системот за државно финансирање кој беше дискутиран на конференцијата.

Конференцијата беше дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ кој МЦМС го спроведуваше заедно со ЦНВОС од Словенија. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Државното финансирање за граѓанскиот сектор мора да се реформира