Локалните избори 2017 на www.mojotizbor.mk Печати
Среда, 27 септември 2017 14:16

На почетокот на септември оваа година, МЦМС го реактивираше проектот „Мојот избор“ што треба да овозможи подобра информираност на јавноста за локалните избори 2017 година

mojot izbor fb

Граѓаните веќе имаа можност да видат неколку анализи подготвени на основа на резултатите од претходните изборни циклуси, но и анкети подготвени за овие локални избори. Веб страната www.mojotizbor.mk ќе им понуди на заинтересираните интернет корисници информации за изборните остварувања. 

Преку инфографици ќе бидат презентирани изборните остварувања на градоначалниците во претходнот мандат на принципот „ветено – остварено“, ќе биде направен целосен преглед на кандидатите за градоначалници по општини и по партија/коалиција. Таму каде што е возможно ќе бидат објавени кратки биографии, а ќе бидат подготвени и споредбени анализи по неколку основи: родов, етнички и регионален баланс на кандидатите; споредба на „нови“ со „стари“ кандидати итн.

tradicionalni

Изборните програми на кандидатите за градоначалници ќе бидат анализирани, а ќе бидат објавени и информации за најавените митинзи на политичките партии/коалиции и листата на избирачки места.

МЦМС објавува и ќе објавува свои информации и податоци, но заради што подобро информирање на јавноста, ќе објавува и информации и анализи подготвени од други организации објавени во нивните гласила. Во таа смисла ќе бидат објавени и сите достапни анкети за рејтинзите на кандидатите во предизборието. По изборите ќе биде објавена и анализа која ќе спореди наодите од анкетите со изборните резултати.

skopski kandidati

Веб-страна: http://www.mojotizbor.mk

Facebook: http://www.facebook.com/mojotizbor

Twitter: http://twitter.com/mojotizbor


Поврзани: