Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 август 2017 08:38

Со цел да се да се зголеми плурализмот и транспарентноста во медиумската средина, потребно е граѓаните да ги актуализираат проблемите кои непосредно ги засегаат. Најголем дел од традиционалните медиуми  ги третираат прашањата од поширока, национална перспектива. Во тој пристап, регионалните и локалните проблеми остануваат на маргините, односно отсуствуваат од традиционалните медиуми. За да се смени овој пристап, не е доволно освестување само на медиумите и прилагодување на нивните уредувачки политики, туку, потребно е граѓаните да ги забележат и на вистинскиот начин да информираат за нив, и на тој начин да ги актуализираат овие прашања.

konkurs gragansko novinarstvo

Со овој конкурс ги покануваме сите заинтересирани да понудат:

  1. Приказни кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните или 
  2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми. 

Планирано е да бидат наградени по три продукти во секој од форматите (приказна или фотографија/видео).

ТЕМИ

Приказните и фотографиите/видеата треба да опфатат општествени проблеми на следните теми:

  1. Корупција
  2. Миграции (иселување од државата)
  3. Животна средина
  4. Граѓански активизам.

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

1. Приказни кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните 

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат со приказна потребно е да достават:

  • Текст кој ќе се однесува на општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • Текстот не треба да биде подолг од 100 линии, или околу две страни А4 формат во ворд (word) формат
  • Вклучување на фотографии во текстот е добредојдено
  • Фотографиите треба да имаа легенда, односно опис што претставуваат
  • Приказната треба да има наслов

2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат во овој формат потребно е да достават:

  • За фотографија – најмногу три фотографии кои визуелизираат општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • За фоторепортажа - низа од фотографии, најмалку шест најмногу 12 кои сами по себе ја раскажуваат приказната посветена на некоја од темите спомнати погоре;
  • Фотографиите во двата случаи треба да содржат легенди, односно опис што претставуваат
  • Фотографиите треба да бидат во јпг (jpg) формат;
  • За видео – снимка која не е подолга од 10 минути и се однесува на некоја од темите спомнати погоре. Видеото може да вклучи изјави на засегнати страни и/или нарација на авторот со што подобро ќе се опише проблемот на кој се однесува;
  • Видеото треба да биде во HD формат.

Покрај ова, заинтересираните граѓански новинари треба да ја пополнат соодветната пријава: за приказна или за фотографија/видео.

Приказните и фотографиите/видеата мора да се оригинални трудови, направени од оние кои се пријавуваат на конкурсот.

ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ

Право за аплицирање имаат сите заинтересирани граѓани освен оние кои професионално се занимаваат или се занимавале со новинарство.

Заинтересираните можат да се пријават со повеќе приказни односно фотографии/видеа. 

ИЗБОР

Изборот на приказни односно фотографии/видеа ќе го врши Kомисија составена од програмски персонал на МЦМС и Телевизија Телма, а врз основа на поврзаноста со темите кои се планирани со овој конкурс (наведени погоре); начинот на обработка на проблемот (јасност, разбирливост); квалитетот на фотографиите/видеата и врз основа на потенцијалот на приказната односно фотографијата/видеото да стане новинарска истражувачка сторија.

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИТЕ

Ќе бидат избрани и наградени по три приказни и фотографии/видеа кои ќе се однесуваат на важен општествен проблем. Наградите нема да бидат доделени по секоја цена. Доколку пријавените трудови не ги исполнуваат погоре опишаните насоки, Комисијата не мора да ги додели сите планирани награди. 

Наградите ќе бидат во вид на опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл. 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со испраќање на:

Комплетните пријави треба да се достават до Фанија Ивановска, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 22 септември 2017 г. (петок). Дополнителни информации можете да добиете на горенаведената адреса за е-пошта.

Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари