Запознавање на граѓанските организации со развојна помош - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Запознавање на граѓанските организации со развојна помош PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 декември 2016 16:27

На 23 ноември 2016 г. се одржа работилница под наслов „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во Македонија за развојна помош”. Учествуваа 11 претставници на граѓански организации кои веќе делуваат или пак имаат потенцијал за делување на оваа тема. Целта на работилницата беше запознавање на организациите со глобалните трендови, и политики особено на ЕУ, како и нивната улога во развојната помош, како и дискусија за утврдување на чекорите за вмрежување, едукација и застапување.

IMG 6839

Беа дефинирани термините „развојна соработка“ (development cooperation) и „развојна помош“ (development aid). Првиот, како активност чија цел е да ги поддржи националните или меѓународните развојни приоритети, која не е водена од профит, не дискриминира во полза на земјите во развој, и е заснована на соработка со цел зајакнување на сопственоста врз процесите од страна на земјите во развој. Вториот, како пренос на ресурси од држави-донатори на држави во развој.

Учесниците се информираа за значењето на развојната помош во процесот на преговори со ЕУ како и потребата од вклучување на граѓанското општество во поглавјето 30 - Надворешни односи во преговорите на земјите за членство во ЕУ. Земјите членки и оние кои пристапуваат кон ЕУ треба постепено да го усогласат националното законодавство со ЕУ, како и со меѓународните обврски. Потребно е и постепено усогласување на политиките и позициите на земјите кандидати кон трети земји и кон меѓународните организации, со политиките и ставовите усвоени од страна на ЕУ.

IMG 6836

Опфатени беа и успешните примери на вмрежување на ГО на ниво на ЕУ, како што е мрежата КОНКОРД. Презентирањето на мрежите СЛОГА-Словенија и КРОСОЛ-Хрватска беше клучно за зголемување на интересот за локално вмрежување. Беше направен осврт на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, како и ново преземените обврски и активности на Македонија за  исполнување на тие цели, како и улогата на граѓански организации.

Беа презентирани и активностите на граѓанските организации за развојна соработка низ годините, улогата на МЦМС, како и досегашната состојба на Македонија како примател на развојна помош, но и како земја кандидат за членство во ЕУ. Учесниците се согласија дека е неопходно да се започне заедничко делување што ќе придонесе кон глобалната развојна програма, а со тоа и за клучните локални проблеми (намалување на сиромаштијата, животна средина, добро управување, родова еднаквост, човекови права и др.).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Запознавање на граѓанските организации со развојна помош