Редовна средба на Советот на БЦСДН во Скопје Печати
Понеделник, 02 мај 2016 00:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) беше домаќин на осмиот годишен состанок на Советот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) што се одржа на 18 и 19 април 2016 г. во Скопје. На состанокот учествуваа претставници од 12 организации-членки на БЦСДН од Западен Балкан, Романија и Турција.

Redovna sredba na Sovetot na BCSDN vo Skopje 1

Утврдување и донесување на Стратегијата на БЦСДН за периодот 2017-2020 година беше главната цел на состанокот. Извршната канцеларија на БЦСДН заедно со одборот работеа на подготовка на нацрт-стратегија од почетокот на ноември 2015 г. 

Беше претставен процесот на подготовка и содржината на стратешкиот документ. Согласно петте стратешки цели беа формирани работни групи во кои учесниците ги споделија своите согледувања и идеи, како и предизвиците поврзани со нив. Советот го одобри Годишниот извештај и ревизијата на финансиското работење на БЦСДН за 2015 г., а беше усвоен и Годишниот план за работата на мрежата за 2016 година. Советот на БЦСДН го одобри и поздрави вклучувањето и новата организација-членка на мрежата Фондацијата за развој на граѓанското општество (FDSC) од Романија. 

Redovna sredba na Sovetot na BCSDN vo Skopje 2

Во рамки на Годишното собрание, на 18 април се состана Одборот на БЦСДН за да ги прегледа  постигнувањата за 2015 г. и други внатрешни работи поврзани со зајакнувањето на работата на мрежата. Ана Новаковиќ (CRNVO) беше избрана за претседател на Одборот, а Дубравка Велат (Civic initiative) за заменик-претседател. 

Како дел од состанокот на Советот на БЦСДН, беше организирана и тематска дебата: Достапноста на јавното финансирање за граѓанското општество во регионот. На дебатата Стефанија Андерсен, оперативна директорка на Фондацијата за развој на граѓанското општество од Романија ги претстави најдобрите практики на државно финансирање на ГО во Романија. Тања Хафнер Адеми, извршна директорка на БЦСДН се осврна на регионалните состојби, а Симона Огненовска од МЦМС ги претстави прелиминарните резултати од спроведеното истражување за државното финансирање на ГО во Македонија. 


Поврзани: