МЦМС на дебатата „Норми пред форми“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС на дебатата „Норми пред форми“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 јуни 2015 15:00

„Владите не треба да гледаат на граѓанското општество како на противник, туку како на сојузник чија критика може да ја подобри нивната работа, да ја зајакне демократијата и да го поддржи предпристапниот процес“, беше пораката што ја упати Улрике Луначек, заменик претседател на Европскиот парламент, која беше домакин на дебатата посветена на опкружувањето во кое делува граѓанското општество во Западен Балкан и Турција. Дебатата се одржа на 4 јуни 2015 година, во Европскиот парламент во Брисел, а МЦМС го преставуваше Симона Огненовска.

Brisel 1

Покрај Улрике Луначек и Венера Хајрулаху, претседател на одборот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), организатор на дебатата, зборуваше за вредноста и важноста на граѓанското општество во реформите и пристапниот процес во земјите од проширувањето. Учествуваа преку 80 чинители, членови на Европскиот парламент, претставници на Европската комисија, постојани претставници на Европската Унија од земјите членки, како и претставници од европски мрежи на граѓански организации.

Brisel 2

Тања Хафнер Адеми, извршна директорка на БЦСДН и Естер Маркус, директорка на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) ги претставија предизвиците и препораките за справување со клучните прашања за овозможувачката околина за развој на граѓанско општество на регионално ниво, засновани на наодите од следењето спроведено од членките на БЦСДН.

По регионалниот осврт, претставниците на организациите членки на БЦСДН дискутираа за специфичните предизвици во секоја од земјите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС на дебатата „Норми пред форми“