Искористеност на фондовите на ЕУ за граѓански организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Искористеност на фондовите на ЕУ за граѓански организации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 23 април 2015 00:00

МЦМС учествуваше во подготовката на документот за јавни политики кој се однесува на искористеноста на поддршката од ЕУ за граѓанското општество во земјите од Западен Балкан за периодот 2007-2013 година. Анализата се осврнува на трендовите за спроведување на поддршката, како и на употребата на средствата за прекугранична соработка од страна на граѓанските организации, кои се дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Подготвена е и споредба на финансирањето на граѓанските организации од страна државата во три пилот земји и тоа Македонија, Црна Гора и Србија. Споредбата е направена заради согледување на разликата на износите обезбедени за граѓанските организации од страна на ЕУ наспроти државното финансирање, и значењето на тие разлики.

82-5 EU funds for CS Dev in WB Final A4 MK

Од трите пилот земји за кои е направена споредбата, најмала е поддршката за граѓанските организации во Македонија. Во 2013 година, средствата планирани за ГО по глава на жител изнесуваат 2,10 евра, а доделените, 0,56 евра. За споредба, во истата година, Црна Гора им доделила на ГО 2,97 евра, а Србија 3 евра по глава на жител.

Целосната анализа ја подготви Балканската мрежа за развој на граѓанско општество, а МЦМС учествуваше во неа како партнер во проектот „Acquis на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“  ја поддржа подготовката на инфографот во делот за Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Искористеност на фондовите на ЕУ за граѓански организации