Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобри услови за учење за 243 ученици PDF Печати Е-пошта
Петок, 04 јули 2014 11:41

Од јуни до октомври оваа година МЦМС ќе реновира три основни училишта во кои настава посетуваат или ја спроведуваат вкупно 243 ученици и 39 наставници. Станува збор за основните училишта „Орце Николов“ во с.Ињево (Радовиш); „Гоце Делчев“ во с.Радичево (Василево) и „Манчу Матак“ во с.Славеј (Кривогаштани).

podobri uslovi za ucenje za 243 ucenici 2

Во училиштето во с.Ињево ќе биде направена замена на прозорците и на еден дел од зградата ќе биде ставена нова фасада. Замена на прозорците и вратите ќе биде направена и во училиштето во с.Радичево, а ќе биде реконструиран и училишниот кров. Училиштето во с.Славеј е најстаро од трите и таму ќе бидат направени нови санитарни јазли и септичка јама, ќе бидат заменети подовите во училниците како и вратите и прозорците. Вкупниот буџет за реконструкција изнесува околу 93.000 евра, а го обезбедија Филип Морис Интернешeнал Менаџмент СА и Сокотаб.

podobri uslovi za ucenje za 243 ucenici 1

Трите училишни згради се изградени пред 30 односно 60 години и во нив не се правени значителни реконструкции. Интервенциите ќе бидат направени според новите стандарди, а градежните материјалите кои ќе се користат ќе бидат енергетски ефикасни и еколошки. На овој начин, учениците ќе имаат подобри и побезбедни услови за настава, а училиштата ќе имаат пониски трошоци за греење.

МЦМС осма година по ред работи на подобрување на условите за учениците и наставниците преку реновирање на основите училишта. До сега се реновирани седум училишта со вкупна вредност на проектите од 28.470.000 или 463.000 евра.

 

Проекти

Civica Mobilitas Мојот Избор

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобри услови за учење за 243 ученици