Подобрување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобрување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Сабота, 21 јуни 2014 00:00

По првото спроведување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество на 18 и 19 јуни 2014 г. во Скопје се одржа работилница за размена на искуствата, можностите за нејзино подобрување и планирање на пристапот за мерење на напредокот во тековната и идните години. На работилницата учествуваа 13 претставници на работната група за матрицата, меѓу кои и Емина Нурединоска и Даниела Стојанова од МЦМС.

10497362 10152561796302518 7788128138352860201 o

Учесниците ја прегледаа матрицата и предложија обновување и спојување на неколку показатели, ја усогласија методологијата и се договорија на заеднички прашалник за анкетите и интервјуата во сите земји. Исто така, беа одбрани 12 основни стандарди кои редовно и задолжително ќе се набљудуваат во сите земји, додека останатите 12 ќе бидат набљудувани на секои две години или по потреба во секоја од земјите. Во однос на мерењето на напредокот беа предложени и дискутирани повеќе методологии, по што се формираше работна група која заедно со експерт ќе работи на дефинирање на показателите и оценките.

IMG 3062

Изминатиот период беа подготвени седум национални и еден регионален извештај засновани на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество и беа спроведени повеќе активности за застапување за надминување на идентификуваните пречки и проблеми.

Работилницата ја организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на  граѓанските организации за застапување и лобирање“, финансиран од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобрување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество