Над 270 жени ги подобрија можностите за вработување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Над 270 жени ги подобрија можностите за вработување PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 мај 2014 08:49

На денешниот завршен настан, одржан во х. Холидеј ин во Скопје, МЦМС и партнерите пред повеќе од 150 гости ги промовираа резултатите од проектот „Оспособување на жените погодени од конфликтот“. За 18 месеци, колку што траеше спроведувањето, проектот ги подобри можностите за вработување на 272 жени од општините Теарце, Јегуновце, Желино, Липково, Чаир, Сарај и Маврово и Ростуша, како и од нивните соседни општини и урбани центри.

nad-270-zheni-gi-podobrija-mozhnostite-za-vrabotuvanje-3

„Потребно е поголемо охрабрување на жените за вклучување на пазарот на трудот“, рече Даниела Стојанова, координатор на проектот. „Нашите постигнувања, меѓу другото, се должат на интензивната директна комуникација со нив која помогна жените да се вклучат во обуките. Сепак“, додаде таа, „предизвикот на државата и европските фондови треба да биде не само оспособувањето на жените, туку и на создавање други услови како што се установите за грижа за деца и за стари лица кои се покажаа како ограничувачки фактор.“

Вкупно 104 жени стекнаа работно искуство благодарение на обуката низ работа што се спроведуваше во 41 претпријатие, а 65 жени учествуваа во курсеви за занимања. Ова овозможи, досега, да се вработат повеќе од 20 жени. Очекувањето на МЦМС и партнерите се дека таа бројка во следниот период ќе расте.

nad-270-zheni-gi-podobrija-mozhnostite-za-vrabotuvanje

Самире Шаќири од Шемшово, по обуката низ работа го доби своето прво вработување. „Никогаш не верував дека ќе имам работа и дека како сите други ќе имам свое занимање. Со ова, МЦМС ми ја врати вербата во иднината.“

Покрај обуката низ работа, 46 жени стекнаа вештини за работа на компјутер, а 114 жени го подобрија знаењето на англискиот јазик, 45 жени учествуваа на обука за подобрување на вештини за вработување, претприемништво и администрација. Покрај ова, за 125 учеснички во програмата беа подготвени 125 планови за личен и професионален развој.

За Џумадије Ибрахими од Теарце курсевите кои ги организира МЦМС биле поттикнувачки и мотивирачки. „Курсевите  можат да им донесат бенефиции на жените и ќе им го сменат животот“, рече таа и ги покани жените да се вклучат во различни активности и да ги срушат бариерите.

Пред да ги започне активностите, МЦМС спроведе студија за состојбата со понудата и побарувачката на трудот во седумте општини со директни разговори со 277 жени и 47 претпријатија.

nad-270-zheni-gi-podobrija-mozhnostite-za-vrabotuvanje-2

Целта на проектот беше да се поддржи пристапот на жените од регионите погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

Планираниот буџетот на проектот изнесува 261.680 евра, финансиран е од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со ко-финансирање од МЦМС. Партнери на МЦМС во спроведувањето беа Флоренс Најтингел од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од Скопје и Рекански Бисер од Маврово и Ростуша.

Галерија фотографии од проектот и од настанот

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Над 270 жени ги подобрија можностите за вработување