Како до функционална канцеларија? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како до функционална канцеларија? PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 април 2014 15:02

Од 15 до 17 април 2014 година во Маврово беше организирана обука за канцелариско и архивско работење. На обуката учествуваа седумнаесет претставници на граѓанските организации кои работат со маргинализирани групи во кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион.

IMG 1072-001

Учесниците беа запознаени со правилата и законските рамки на канцелариското и архивското работење. Посебен фокус беше ставен на правилата за водење договори, дописи, проектни документи и листи, објави, фотографии и публикации, како и правилата за сортирање документи.

„Oбуката е многу корисна“, рече Јасмина Манева од „Јуниор ашивмент“. Според неа, граѓанските организации имаат недостатоци во правилното чување на документацијата. „Знаењата за архивирање и канцелариско работење се многу важни за една функционална канцеларија, затоа ваквите обуки ни се многу важни“, додаде таа.

Учесниците се запознаа и со системите за управување со квалитет, ИСО 9001 и ИСО 14000. Вештините за правилно канцелариско работење и архивирање се развиваа и преку вежби. Учесниците во групи вежбаа пишување деловно писмо, склучување договор, составување фактура, заведување во деловодник, регистрација на фактури во влезна и излезна книга за фактури, составување на блок дијаграм за конкретно барање и цртање на функционална канцеларија.

IMG 0940

Обуката ја спроведе граѓанската организација ОРТ.

Обуката e реализирана во рамки на проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ кој е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). ОЖП го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како до функционална канцеларија?