20 години МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

20 години МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 21 ноември 2013 10:29

Почитувани пријатели,

20-godini-mcmsОваа година МЦМС слави 20 години од своето основање. Во овој период МЦМС го градеше својот кредибилитет кај своите целни групи, соработниците, донаторите, институциите и кај целата јавност. За 20 години МЦМС израсна во еден од најактивните чинители на граѓанското општество во Македонија со јасна визија и мисија, со цели и активности кои секогаш ги имаат во преден план потребите на граѓаните на Македонија и најголемите општествени предизвици. Успехот на МЦМС се должи на повеќе фактори. Највидливи за граѓаните веројатно се постигнатите резултати. Ние би додале уште два – вредностите на кои почива работата на МЦМС и луѓето кои ги осмислуваат, раководат и спроведуваат активностите со кои ги остваруваат тие резултати. Тоа е рецептот за успех на МЦМС.

Јубилеите се време кога се навраќаме на почетоците, се потсетуваме на претходните години и остварувањата во нив, на предизвиците со кои сме се соочиле на решенијата до кои сме дошле. Јубилеите се одлична можност да им заблагодариме на сите кои биле вклучени во оваа успешна приказна, но и сами да си оддадеме признание за постигнатото.

Денес започнуваме со едно такво навраќање. Во 20-дневната кампања ќе потсетиме на постигнувањата на МЦМС. Секој ден ќе пласираме по една карактеристична приказна произлезена од некој од многуте спроведени проектите. За крај ги оставаме презентациите за вкупните постигнувања на МЦМС.

Во декември ќе го прославиме јубилејот и ќе си посакаме уште многу предизвици кои ќе не водат, уште многу вредни и посветени луѓе кои ќе работат на остварување на нашите цели и уште многу соработници со кои ќе ги оствариме новите постигнувања.

Македонски центар за меѓународна соработка

http://www.facebook.com/mcms.mk
http://www.twitter.com/mcms_mk
http://www.youtube.com/mcmsmcic
http://www.scribd.com/mcms_mk
http://www.flickr.com/photos/27413255@N07
http://www.slideshare.net/mcms_mk

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести 20 години МЦМС