Дали е овозможувачка околината за развој на граѓанскиот сектор? Печати
Понеделник, 14 октомври 2013 14:33

bcsdnМЦМС започна со прибирање податоци за околината во која функционира граѓанското општество. Одговорите на сите граѓански организации се добредојдени. Нив можете да ги дадете со пополнување на прашалникот кој ќе го најдете на следниот линк - http://0.mk/c0a25 Вашите одговори испратете ги најдоцна до 18 октомври 2013 година (петок).

Податоците ќе овозможат следење на развојот на граѓанското општество, информирање на релевантните чинители и притисок за развој на соодветна легислатива и нејзино доследно спроведување.

На 4 април 2013 г., МЦМС ја претстави матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество, како алатка за следење на овозможувачката околина за граѓанските организации. Матрицата е составена од 3 области, 8 под-области и 151 индикатор.

Развиена е од страна на претставници на организациите членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со поддршка на Извршната канцеларија на БЦСДН и Европскиот центар за непрофитно право.  Наменета е за следење на овозможувачката околина на земјите од балканскиот регион, пред се, но со одредени прилагодувања може да се примени многу пошироко.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.


Поврзани: