Има ли околина за одржлив развој на претпријатијата? Печати
Сабота, 31 август 2013 11:57

d4wcms 046345МЦМС ја истражуваше дали околината во која дејствуваат македонските претпријатија овозможува нивен одржлив раст.

За истражувањето беа користени неколку инструменти. Преку фокус групи со работодавачите беа идентификувани клучните пет актуелни ограничувања на бизнис-околината во Македонија.

Понатаму, петте аспекти беа разговарани со претставници на врвното раководство на 170 мали и средни претпријатија во Македонија. Покрај интервјуата и фокус групите беше направена и анализа на релевантна литература (закони, истражувања и сл.) и споредба на истите аспекти во други држави.

Извештајот од истражувањето насловен како „Овозможувачка околина за одржливи претпријатија“, ќе содржи информации за околината во која дејствуваат претпријатијата и проблемите со кои се соочуваат работодавачите, заклучоци и препораки за надминување или решавање на проблемите. Врз основа на извештајот ќе биде подготвена и стратешка рамка за политики. Таа ќе им послужи на работодавачите во нивните идни активности за застапување за овозможувачки политики.

Истражувањето е направено за Меѓународната организација на трудот (МОТ), а МЦМС го спроведе  во конзорциум со М-проспект  и во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ). Проверка на овозможувачката околина за претпријатијата се прави и во другите балкански земји како и во повеќе земји во светот. Повеќе информации и извештаите може да се најдат на веб-страницата на МОТ.


Поврзани: