Граѓаните избраа – Патна и сообраќајна инфраструктура Печати
Вторник, 04 јуни 2013 14:04

Првата форумска сесија во општина Шуто Оризари се одржа на 31 мај 2013 година, во ОУ Браќа Рамиз-Хамид. Сесијата предизвика голем интерес и на неа присуствуваа 146 граѓани на општина Шуто Оризари и гости. Во име на имплементирачката организација граѓаните ги поздрави Димче Митрески, извршен директор на МЦМС, а потоа на присутните им се обрати и Градоначалникот општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам.

gragjanite-izbraa-patna-i-soobrakjajna-infrastruktura-2

Граѓаните имаа можност изберат една од трите теми, предложени од страна на општината и тоа: Комунална инфраструктура; Урбано планирање и Патна и сообраќајна инфраструктура. По гласањето, најголема беше поддршката за Патна и сообраќајна инфраструктура која доби 95 гласови.

„Ова е супер иницијатива, добро е што се вклучени граѓаните во целиот процес и што ни е дадена можноста да одлучиме што да се направи“, рече Сафет Камбер, жител на Шуто Оризари. Целиот процес на форумите е многу добро смислен – и начинот и методологијата, па мислам дека ќе решиме многу од проблемите кои што ние како граѓани на оваа општина ги идентификувавме како најгорчливи“, додаде тој. И неговата сограѓанка, Љиљана Хајдар, смета дека е добро што општината нашла партнер да ги реши најгорчливите проблеми. „Морам да признаам дека уште од презентацијата мој фаворит беше темата Патна инфраструктура и среќна сум што доби најмногу гласови. Мислам дека е многу важно ние како граѓани да дадеме свој придонес со присуство на форумските сесии.

gragjanite-izbraa-patna-i-soobrakjajna-infrastruktura-1

На оваа форумска сесија беше формирана и структурата на форумот-граѓаните се определија за работа во една од следниве седум работни маси: Основна инфраструктура, Заштита на животната средина, ЕЛС и Совет на општина Шуто Оризари, Образование, Култура, Спорт и здравство и Бизнис сектор. На крајот од сесијата учесниците утврдија правила за работа по кои ќе се работи во текот на целиот форумски процес.


Поврзани: