Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 мај 2011 08:43

На 27 и 28 април оваа година, осум македонски граѓански организации се сретнаа да разговараат за развојната соработка, улогата што Македонија ја има како земја примач на донаторска помош како и улогата која би ја имала во блиска иднина како земја донатор. Консултацијата беше можност ГО да го дискутираат граѓанското општество во контекст на развојна соработка и да ја согледаат потребата за формирање на национална платформа.

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка

Настанот го организираше МЦМС, Хелсиншкиот комитет МХЦ, Балканската мрежа за развој на граѓанско општество, БЦСДН а го поддржа ТРИАЛОГ, Австрија. Целта на работилницата беше да се разбере односот на ЕУ кон развојната соработка и да се увидат постоечките  развојните политики и инструменти како и да се разгледаат можностите за активно вклучување на Македонија на ова поле.

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка

Беше презентиран проектот ТРИАЛОГ, целите, активностите историјата и успесите на новите земји членки на ЕУ како и европските политики за  развојна соработка. Дискусијата беше особено интересна кога гостите, Маријан Хуч од СЛОГА- Словенија и Велери Панџаров платформата од Бугарија ги споделија своите искуства со платформите на Бугарија и Словенија со конкретни примери и совети за ГО. Тие потврдија дека за формирање на платформа потребно е многу време и залагање, затоа според нив е потребно да се започне рано додека земјите се уште се во предпристапниот период само на тој начин би имале институции и ГО спремни да работат на развој по пристапот во ЕУ. Настанот е почетна фаза за формирање на развојна платформа и на него беа формирани Координативно тело и Работна група кои ќе го започнат процесот за креирање на национална платформа за развојна соработка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка