Како до фондови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како до фондови PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 мај 2011 12:55

Во текот на април, МЦМС спроведе три дводневни обуки за мобилизација на фондови. Обуките беа спроведени за претставници на општините од Пелагонискиот регион и за вработените на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Како до фондови

На обуката „Изнаоѓање фондови“ спроведена за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) учесниците се запознаа со различните извори и начини на генерирање приходи, со Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и со Програмите на Заедницата. Обуката ја спроведоа Даниела Стојанова и Тања Хафнер-Адеми.

Обука “Донаторски процедури“ за прв пат беше испорачана во Македонија, а се однесуваше на процедурите за подготовка, аплицирање и спроведување на проекти финансирани од Европската Унија. Обука ја испорачаа Фатмир Битиќи и Даниела Стојанова.

На дводневната обука за генерирање приходи вработените на АОПЗ беа запознаени со различните извори и начини на генерирање приходи, со планирањето и компонентите од ИПА и со релевантните Програми на Заедницата, а преку практична работа беа развиени и неколку конкретни предлози за активности на Агенцијата. Обуката ја испорачаа Даниела Стојанова и Димче Митрески.

Како до фондови

Учесниците за најкорисна ја оценија обуката за донаторските процедури и сметаат дека освен обуки за подготовка на проекти, треба почесто да се организираат и обуки за нивно спроведување: „Несомнено корисна обука, која овозможува компетентно укажување за изворите на информации и квалитетен пренос на значење, што самостојно тешко можеме да го усвоиме“ изјави еден од учесниците.

Мобилизацијата на фондови станува сè поважна активност како кај граѓанските организации, така и кај државните институции и општините. Со повлекувањето на традиционалните странски донатори, фондовите на Европската Унија и процедурите за аплицирање, како и спроведување на проектите финансирани од ЕУ се честа област на обуките за мобилизација на фондови.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како до фондови