Четврт конкурс за новинарски стории и фотографии на граѓански новинари - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Четврт конкурс за новинарски стории и фотографии на граѓански новинари PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 октомври 2018 16:42

Со цел да се да се зголеми плурализмот и транспарентноста во медиумската средина, потребно е граѓаните да ги актуализираат проблемите кои непосредно ги засегаат. Најголем дел од традиционалните медиуми ги третираат прашањата од поширока, национална перспектива. Во тој пристап, регионалните и локалните проблеми остануваат на маргините, односно отсуствуваат од традиционалните медиуми. За да се смени овој пристап, не е доволно освестување само на медиумите и прилагодување на нивните уредувачки политики, туку, потребно е граѓаните да ги забележат и на вистинскиот начин да информираат за нив, и на тој начин да ги актуализираат овие прашања.

Chetvrt konkurs za novinarski storii i fotografii na gragjanski novinari

Со овој конкурс ги покануваме сите заинтересирани да понудат:

  1. Новинарски стории кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните или
  2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми.

Планирано е да бидат наградени по три продукти во секој од форматите (новинарска сторија или фотографија/видео).

ТЕМИ

Приказните и фотографиите/видеата треба опфатат општествени проблеми на следните теми:

  1. Култура
  2. Туризам
  3. Спорт
  4. Инфраструктура

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

1. Новинарски стории кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните 

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат со приказна потребно е да достават:

  • Текст кој ќе се однесува на општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • Текстот не треба да биде подолг од 100 линии, или околу две страни А4 формат во ворд (word) формат
  • Вклучување на фотографии во текстот е добредојдено
  • Фотографиите треба да имаа легенда, односно опис што претставуваат
  • Новинарската сторија треба да има наслов

2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат во овој формат потребно е да достават:

  • За фотографија - најмногу три фотографии кои визуелизираат општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • За фоторепортажа - низа од фотографии, најмалку шест најмногу 12 кои сами по себе ја раскажуваат приказната посветена на некоја од темите спомнати погоре;
  • Кај квалитетот на фотографиите ќе се цени едноставноста и композицијата, односно да не бидат оптоварени со непотребни елементи, а во исто време да го доловат контекстот и да и дадат динамика на фотографијата; 
  • Фотографиите во двата случаи треба да содржат легенди, односно опис што претставуваат
  • Фотографиите треба да бидат во јпг (jpg) формат;
  • За видео – снимка која не е подолга од 10 минути и се однесува на некоја од темите спомнати погоре. Видеото може да вклучи изјави на засегнати страни и/или нарација на авторот со што подобро ќе се опише проблемот на кој се однесува;
  • Видеото треба да биде во HD формат.

Покрај ова, заинтересираните граѓански новинари треба да ја пополнат соодветната:

Новинарските стории и фотографиите/видеата мора да се оригинални трудови, направени од оние кои се пријавуваат на конкурсот.

ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ

Право за аплицирање имаат сите заинтересирани граѓани освен оние кои професионално се занимаваат или се занимавале со новинарство.

Заинтересираните можат да се пријават со повеќе приказни односно фотографии/видеа. 

ИЗБОР

Изборот на приказни односно фотографии/видеа ќе го врши Kомисија составена од програмски персонал на МЦМС и Телевизија Телма. При оценувањето ќе се води сметка за: поврзаноста со темите кои се планирани со овој конкурс (наведени погоре); дали понудената приказна или фотографија/видео се од јавен интерес; начинот на обработка на проблемот (јасност, разбирливост); квалитетот на фотографиите/видеата и врз основа на потенцијалот на приказната односно фотографијата/видеото да стане новинарска истражувачка сторија. 

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИТЕ

Ќе бидат избрани и наградени по три новинарски стории и фотографии/видеа кои ќе се однесуваат на темите наведени погоре во конкурсот. Наградите нема да бидат доделени по секоја цена. Доколку пријавените трудови не ги исполнуваат погоре опишаните насоки, Комисијата не мора да ги додели сите планирани награди.

Наградите ќе бидат во вид на ваучери кои ќе можат да се искористат за опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл. Вредноста на ваучерите изнесува: 30.000 денари за првонаградените; 20.000 денари за второнаградените и 10.000 денари за третонаградените учесници.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со испраќање на:

  • Пријава: за приказна или за фотографија/видео
  • Текст во ворд (word) формат според насоките дадени погоре 
  • Фотографии во јпг ( jpg.) формат
  • Видео во HD формат

Комплетните пријави треба да се достават до Фанија Ивановска, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 4 ноември  2018 г. (недела). Дополнителни информации можете да добиете на горенаведената адреса за е-пошта.

Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

logoa ttvs

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Четврт конкурс за новинарски стории и фотографии на граѓански новинари