Конкурс за истражувачки стории за корупција Печати
Среда, 01 јуни 2016 15:20

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата.

konkurs-istrazuvacki-storii-korupcija

Предложените теми може да опфатат:

  • административна корупција
  • висока политичка корупција
  • анализа на новите форми на економски криминал
  • можна злоупотреба на средства од ЕУ и други донатори
  • даночните измами
  • злоупотреба на јавни средства преку субвенции и јавни набавки и сл.

Конкурсот е отворен до 15 јуни, а рокот за подготовка на сториите е 29 јули 2016 година.

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 20.000 денари (бруто). Ќе бидат избрани вкупно 10 предлози. Од изработените истражувачки стории, ќе бидат избрани три најдобри кои ќе бидат наградени. Вкупниот фонд на средства за наградите изнесува 150.000 денари.

Целиот конкурс и документите за пријавување:

Комплетните пријави треба да се достават до Миша Поповиќ, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Марија Саздевски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Конкурсот е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС во соработка со ИДСЦС, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).


Поврзани: