Медиумите за ставот на МЦМС за предлог-ЗСЗД Печати
Петок, 19 март 2010 16:03

Медиумите го пренесоа ставот на МЦМС во врска со усвоените амандмани на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација. Подолу се некои од објавените прилози.

Реакции за усвоените амандмани за Предлог законот за дискриминација

Александар Кржаловски - СителУсвоените амандмани на Предлог законот за дискриминација нудат суштинско подобрување на текстот на законот.

За Македонскиот центар за меѓународна соработка ова е добро решение. Според нив, законот онака како што беше предложен, имал многу недостатоци кои сега амандмански пополнуваат голем дел од празнините, со што се задоволуваат сите европски критериуми.

Кржаловски вели дека иако не се опфатени сите прашања кои што би можеле да се донесат во оваа фаза, не може да се прави совршен закон од прв обид и дека праксата ќе покаже кои решенија се соодветни за Македонија, а кои ќе треба да се доработат.

Од друга страна пак, либералдемократите со контра став. За нив, Владата поднесува алиби амандмани за Законот за антидискриминација.

Стриктно набројување на одредбата за сексуална ориентација вчера побара и евроамбасадорот Ерван Фуере.

 

Елена Бошковска
Извор: Сител (18.03.2010)

 

МЦМС: Преку амандманите се подобрува текстот на законот за спречување и заштита од дискриминација

Со поднесените амандмани за измена на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација значително се подобрува квалитетот на текстот во кој се опфатени сите наши суштински барања, смета Александар Кржаловски, извршен директор на невладината организација „Македонски центар за меѓународна соработка“ (МЦМС).

- Веќе подолго време го следиме процесот за донесување на закон за спречување и заштита од дискриминација. Работевме заедно со Министерството за труд и социјална политика во текот на септември 2009 година и пред тоа на подготовка на текстот. Се обидовме со амандмански измени за промена на текстот од кои 11 се усвоија, рече Кржаловски.

Тој смета дека нивната верзија на текстот не е совршена, но потенцира оти Предлог-законот ќе се менува во понатамошниот тек. Кржаловски за МИА вели дека ова е втор обид за донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, по неуспешниот во 2004 година.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во вторникот објавија дека постигнале целосна усогласеност со НВО „Македонски центар за меѓународна соработка“ и Сојузот „Македонија без дискриминација“ за барањата за промени на содржината на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација. Поднеле 11 амандмани, кои, според нив, ќе го подобрат законот во делот на дефинирање на видовите на дискриминација, нејзиното повикување и поттикнување и виктимизацијата.
Извор: МИА (19.03.2010)

 

Извор: МТВ1 (18.03.2010)


Поврзани: