Вест: МЦМС денес дистрибуира помош за 800 раселени лица Печати
Петок, 22 јуни 2001 01:00

Македонскиот ценатр за меѓународна соработка, за период од еден месец обезбеди хуманитарна помош за 800 внатрешно раселени лица, сместени во четри јавни установи во Скопје. Дистрибуцијата на помошта ќе започне денеска во 12 часот.

Хуманитарната помош опфаќа повеќе основни продукти кои ќе бидат дистрибуирани до заеднчките кујни во домовите на јавните установи каде што се подготвува храна, а хигиенските производи ќе бидат дистрибуирани по семејствата. Освен тоа, на семејствата ќе им биде поделена постелнина, а за заедничките простории каде се сместени привремено раселените лица, ќе биде обезбедена опрема за социјализација.
Вкупната вредност на помошта изнесува 2 милиона денари.

Извор: Вест (22.јуни.2001)


Поврзани: