Медиумите за „ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ“ - краток осврт на политиките за реинтеграција Печати
Понеделник, 29 октомври 2012 15:46

Овој осврт е посветен на едно од тие актуелни прашања – политиките на реинтеграција, во случајов на поранешните учесници во конфликтот од 2001 година. Непосреден повод беше поднесувањето до Собранието на предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, во јавноста познат и како „Закон за бранителите“. Следат објавите на медиумите за „ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ“ - краток осврт на политиките за реинтеграција

МЦМС: Потребен е нов закон за бранители

Мнозинството граѓани или 78 проценти сметаат дека е оправдано донесување нов Закон за бранителите, покажува истажувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Поделеноста, според истражувањето на МЦМС, се појавува на прашањето за законските одредби за права на поранешните припадници на ОНА, каде 90 отсто од анкетираните етнички Албанци се „за“, додека мнозинството кај сите други етнички заедници е „против“.

Медиум: Радио Слободна Европа

МЦМС: Висока поддршка за Законот за бранители

Дури 78 отсто од граѓаните сметаат дека е оправдано донесување нов Закон за бранителите, покажува истажувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета на Институтот за демократија Социетас цивилис од Скопје, во периодот од 14 до 17 септември, на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.

Медиум: Плус Инфо

МЦМС: Мнозинството граѓани се за нов Закон за бранителите

Мнозинството граѓани или 78 проценти сметаат дека е оправдано донесување нов Закон за бранителите, покажува истажувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета на Институтот за демократија Социетас цивилис од Скопје во периодот од 14 до 17 септември на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници. Половина од испитаниците биле мажи, а половина жени, додека според етничката застапеност 67 отсто биле Македонци, 26 Албанци, а седум проценти биле застапени од другите етнички групи.

Медиум: Македонска Радио Телевизија

Мнозинството Албанци го поддржуваат законот за бранители

МЦМС препорачува да се донесе законот за бранителите, прашањето за припадниците на ОНА да се реши со посебни програми, но не со закон, како и да се усвојат мерки за цивилните жртви

Медиум: Нова Македонија

Бранителите имаат поддршка од граѓаните но немаат консензус

Безмалку 80% од граѓаните на Македонија го оправдуваат носењето на Законот за бранителите, покажува последната накета на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Над 87% Македонци и над 60% етнички Албанци сметаат дека има потреба од ваков закон. Против неговото донесување, анкетата покажува дека се околу 15% од анкетираните граѓани, од кои, најголем дел припаѓаат на албанската етничка заедница.

Медиум: Сител Телевизија

Бранителите имаат поддршка, но немаат консензус

Истражувањето покажува дека во земјава има едногласна поддршка во врска со правата на семејствата на цивилните жртви - 83% се "за", а само незначително малцинство од 8% е "против". Особено позитивни за ова прашање се етничките Албанци со 95 процентна поддршка

Медиум: Вечер

МРТ1: Александар Кржаловски во „Ако е...Со Чом"

Албанските партии собираат поени од законот за бранители

Кој е поголем Албанец и кој повеќе се бори за правата на Албанците? Законот за бранители како џокер на покер за ДУИ и ДПА. Салата во која се одржува Комисјата за труд и социјала, преполна со пратеници од албанските партии. И оние кои не се членови на Комисијата доаѓаат на расправата и дебатираат.

Извор: Сител