Медиумите за „Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста“ Печати
Четврток, 27 септември 2012 12:30

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) во јули 2012 г. спроведоа истражување за ставовите на граѓаните за надворешната политика на Република Македонија и односите со Европската Унија (ЕУ), што се состои од прашања кои се однесуваат на стратешката ориентација на Македонија во надворешната политика и постигнувањата на Владата на тој план, како и на процесот на интеграцијата во Европската Унија. Следат објавите на медиумите за „Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста

Извор: Макфакс
Евроинтеграциите на Македонија се без алтернатива за мнозинството граѓани
Евроатланските интеграции се избор за мнозинството граѓани, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) во јули 2012 година, поврзано со ставовите на граѓаните за надворешната политика на Македонија и односите со Европската Унија.

Извор: Плус инфо
ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата
Мнозинството граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност (61,4 процент) сметаат дека членството во ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата и не гледаат алтернатива на евроатлантските интеграции.

Извор: Миа
Истражување: За мнозинството граѓани интеграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива
Мнозинството граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност (61,4%) сметаат дека членството во ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата и не гледаат алтернатива на евроатлантските интеграции.

Извор: Сител
Македонците сакаат да влезат во ЕУ и НАТО
Влез во ЕУ и НАТО е единствен просперитет. Вака сметаат 61% од македонските граѓани, покажува истражувањето на македонскиот центар за меѓународна соработка и институтот за демократија.
Забелешка: Има и видео

Извор: Курир
ЕУ и НАТО стратешка ориентација за граѓаните
Мнозинството граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност (61,4%) сметаат дека членството во ЕУ и НАТО се стратешка ориентација на државата и не гледаат алтернатива на евроатлантските интеграции.

Извор: Вечер
За мнозинството граѓани нема друга опција, освен евроинтеграцијата
Постои етничка поделеност во перцепцијата за посветеноста за членство во ЕУ. За етничките Македонци, ЕУ не е посветена на членството, додека Владата прави се што е потребно за евроинтеграцијата, а етничките Албанци сметаат дека Владата не е посветена, а Унијата сака Македонија да биде нејзина членка.